📷
© Max Petershans /
Гумерзбах, екипа што беше освежување во германскиот и воопшто во ракометот сезонава и француската ѕвезда Кентан Мае се договорија за пријателско раскинување на договорот една година пред неговиот истек. Ова е епилог што подолго време „висеше“ во воздухот и момент што веројатно го чекаа заинтересирани страни. Меѓу заинтересираните неофицијално се споменуваше и Еурофарм Пелистер, но се чини дека тој воз помина.
Кентан Мае (35) по втор пат во кариерата играше за Гумерзбах, ја одработи втората од три договорени години, но сезонава добиваше сѐ помала минутажа. На крајот, двете страни заклучија дека тој е премногу добар играч за да не добива минутажа, а во Гумерзбах веројатно тој тренд немаше да се промени, па на крајот откако си поделија комплименти за досегашната соработка, си подадоа рака за довидување.