Германија е нов светски првак

Photo: IHF/International Handball Federation/Kolektiff

Две години по Светското јуниорско првенство одржано во Македонија, кога медалите беа поделени меѓу Франција, Унгарија и Холандија, светската јуниорска сцена доживеа голема трансформација. Сребрената Унгарија е сега деветта, а Холандија воопшто и ја немаше меѓу 32-те учеснички на мундијалот што денеска заврши, а се одржа во Кина.

Пред две години деветти, денеска нови светски шампионки се ракометарките на Германија. Во финалето играа против репрезентацијата на Данска и забележаа победа без драма и неизвесност. Конечни 33-26, откако на полувреме беше само гол разлика (16-15).
Третото место и бронзениот медал отиде на градите на ракометарките од Франција кои пред две години беа златни. Четвртото место го освои Шпанија, па следат Црна Гора, Србија...

Поврзани вести