Јуниорите победија и на последната контрола

Машката младинска репрезентација на Македонија со победа ги заокружи контролните натпревари во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство.

Во последната проверка пред заминувањето за Романија, избраниците на селекторот Игор Илиевски ја совладаа репрезентацијата на Италија со резултат 30:22. На контролните што претходеа на овој натпревар, Македонија двапати ја совлада репрезентацијата на Саудиска Арабија, а беше подобра и од репрезентацијата на Италија.
ЕХФ Еуро почнува на 8 јули и ќе се игра во Романија. Македонија е во тешка група и ќе игра против репрезентациите на Норвешка, Хрватска и Данска, по тој редослед.

Поврзани вести