Марјан Колев повторно тренер во Ница

Македонскиот тренер Марјан Колев ја продолжува својата тренерска кариера во Франција. Тој од 2016 до 2022 ја водеше екипата на Ница во женска конкуренција, потоа од 2023 до 2025 беше тренер на машкиот тим Курњон, а сега одново се враќа во Ница, но овој пат во машка конкуренција.
Марјан Колев во следните две години ќе ја води екипата на Кавигал Ница, член на Национал 1, трето по ранг натпреварување во Франција. Клубот го официјализираше трансферот и му посака добредојде на македонскиот тренер.

Поврзани вести