Вардар во второ, Чаир во трето ЕХФ Куп коло

Екипите на ЖРК Вардар и ЖРК Чаир ќе бидат македонските претставници во ЕХФ Европскиот Куп следната сезона. Екипата на Вардар ќе старува од второто коло каде што ќе биде во првиот шешир. Црвено-црните на 14 јули ќе го дознаат противникот за стартот на европската сезона. Првите натпревари за Вардар се на 3/4 октомври.
Нивни можни противници се следниве клубови:

Рума (Србија), Шипоња, Феризај и Истогу (Косово), Крајина и Криваја (БиХ), Цуг (Швајцарија), Х71 и Неистин (Ф. Острови), Ред Бојс (Луксембург), Егле Виљнус (Литванија), Макаби Рамат (Израел), Мавроматис (Кипар), Дунајска Стреда (Словачка), Алмеида (Португалија), Унирек и Квинтус (Холандија), Бриксен (Италија), Атинаикос (Грција)

Екипата на Чаир е подобро рангирана, тие се на седмото место на ранг листата и ќе играат во третото коло. Нивната ждрепка е на 13 октовмри, а првите натпревари ќе ги играат во ноември.

Поврзани вести