Вести: Јапонија без Косуке и Јошида, во Кил со бројка против малери...

Освен екипите на Хој Елит и Флензбург, сериозно заинтересирана за ангажман на донеодамна големата ѕвезда Јим Готфридсон е и екипата на Кристијанштат од Шведска, учесник во Лигата на шампионите следната сезона.

Селекторот на Јапонија, Тони Херона одбра 16 ракометари од домашното првенство за настап на 20 Азиски шампионат што во септември ќе се одржи во Нагоја, Јапонија. Сите повикани се од домашното првенство. Засега не се планирани охриѓаните Јасухира и Јошида, како и леворакиот Југа Еномото, довчера играч на Војводина.

Шведското крило Валтер Кринц заминува од екипата на Фуксе Берлин по шест години. Швеѓанецот во Берлин дојде на 20 годишна возраст како еден од најголемите европски таленти во 2020 година. Но, во 2022 ги скина лигаментите на коленото и го оштети менискусот. Кратката верзија од неговата приказна е дека од 2022 до 2026 трипати ги кинеше лигаментите на коленото и не успеа да се врати комплетно на терен.

Шведскиот бек Емил Мадсен имаше малерозна сезона во Кил во која поголемиот дел го мина на терапии и рехаблитации, а играше само на четири-пет натпревари. Швеѓанецот сака да го „скрши“ малерот со промената на бројот на дресот. Така место досегашниот 45 ќе ја носи бројката 11 со која играше додека беше младинец.

Поврзани вести