Македонија во четири екипи во ЕХФ Куп, Алкалоид и Охрид на врвот на листата

Двата последни освојувачи на ЕХФ Куп, екипите на ГРК Охрид и Алкалоид од Македонија ќе го прескокнат првото коло во ЕХФ Европскиот Куп и со натпреварувањето ќе почнат од второто коло, а ќе им се приклучи и екипата на Бутел. Двата освојувачи ќе бидат во првиот шешир. ГРК Охрид како актуелен првак е на првото место на ранг лигата, а Алкалоид е на третото место што значи дека до 1/4 финалето на ова натпреварување, овие два тима нема да можат да се сретнат.
Македонија ќе има четири претставници во ЕХФ Куп следната сезона.
ГРК Тиквеш стартува од првото коло, а екипата на Бутел Скопје исто како и Алкалоид и Охрид ќе игра директно во второто коло, но таму ќе биде во вториот шешир.
Ждрепката за првото коло ќе се одржи на 14 јули, а за второто или на 14 јули или на 22 септември.
Невообичаена заинтересираност имаше за овој Куп годинава и вкупно се пријавија 83 екипи. 











 

Поврзани вести