ГРК Охрид не доби вајлд карта за Европска Лига!

Освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп, македонскиот клуб ГРК Охрид не доби вајлд карта за настап во ЕХФ Европската лига следната сезона. 
ЕХФ денеска ги објави имињата на 32 екипи што ќе играат во вториот по сила Куп во Европа, а меѓу нив од Македонија единствено е екипата на Еурофарм Пелистер. 

Битолчани, според ранкингот на ЕХФ ќе бидат во првиот шешир во ждрепката што ќе се одржи на 17 јули. Во првиот шешир се уште и екипите на Флензбург, Нексе, Татабања, Севехоф, Извиѓач, Бенфика и Бидасоа. 

Поврзани вести