-
08.7.2026
-
Македонски ракомет
Македонската М20 репрезентација денеска ќе го почне настапот на ЕХФ Еуро. Домаќин на првенството е Романија, натпреварите ќе се играат во градовите Клуж и Турда. Македонија е во групата „Д“ и своите натпревари ќе ги игра во Клуж. Во групата „Д“ се и репрезентациите на Данска, Норвешка и на Хрватска.
Шест групи се со по четири екипи. Првите две од секоја група ќе продолжат во Главната рунда и оттаму во натпревари за медал, а послабите две од секоја група продолжуваат да разигруваат за конечен пласман од 13- до 24 место.
Првенството го почнуваме денеска во 13:30 со натпревар против репрезентацијата на Норвешка. Утре исто така во 13:30 ќе играме против Хрватска, а потоа има ден пауза и на 11 јули, во истиот термин ќе играме против репрезентацијата на Данска.
Ловците на таленти се веќе распоредени низ Клуж и Турда, затоа што на ова Европско првенство ќе видиме неколку веќе докажани ѕвезди што треба да го одбележат европскиот ракомет во годините што доаѓаат.
Првенството мислиме на Маркос Фис, десниот бек на Шпанија кој веќе игра за сениорската репрезентација и има во џебот договор со Барса.
Словенецот Аљуш Анжиќ од Целје е веќе докажан играч, а за неговиот потпис наддаваа повеќе познати екипи со голема веројатност да победил ПИК Сегед.
ЕП е шанса за сите млади играчи да се промовираат, ќе видиме многу нови имиња, годинава излегува нова генерација на сцената, а ќе видиме и со каков потенцијал располага Македонија.
Меѓудругите на дуелите со Македонија ќе ги видиме и синот на норвешката ѕвезда и на времето една од најдобрите светски ракометарки - Хајди Локе. Тој се вика Александар и игра како и неговата мајка и неговиот чичко Франк Локе (Фленсбург, Амичитија, Загреб...) на позицијата пивот. Ќе го видиме и синот на познатото хрватско крило Горан Шпрем. Тој се вика Петар и игра на позиција десно крило, за разлика од неговиот татко кој играше лево крило.
Поврзани вести