Илиески оди во Е. Пелистер 2

Уште еден ракометар што играше во Алкалоид во времето кога и Бранко Ангеловски беше дел од тимот од Автокоманда следната сезона ќе се пресели во екипата на Еурофарм Пелистер 2 и ќе соработува со Ангеловски.
Божидар Илиески, централниот бек кој веќе две сезони играше за екипата на Прилеп следната сезона ќе биде ракометар на екипата на Е. Пелистер 2.
Божидар Илиески имаше сосема солидни партии во кои преземаше и голема одговорност додека играше за Алкалоид, но не остана во Автокоманда. Беше додадена вредност во Прилеп, а сега влегува во друг амбициозен проект.
Друштво од Автокоманда ќе му прави пикерот Кристијан Симоноски кој, пак, оваа сезона го заврши својот престој во скопскиот тим.

Поврзани вести