НОРВЕШКА – МАКЕДОНИЈА 36-31 (18-14)
Македонија: Николовски, Младенов, Ѓокески 4, Гарбески, Лазов 3, Поповски 7, Јаневски, Петрески, Гурмешевиќ 4, Матевски 6, Тевдовски, Славков 1, Крстевски 3, Каевски, Ѓоргиевски 3, Ѓорчески
Македонската М20 репрезентација со пораз од Норвешка го почна Европското јуниорско првенство што се одржува во Романија.
Македонската репрезентација во првото коло играше со скандинавскиот состав и запиша пораз од 31-36 (14-18). Немаа многу шанса на овој меч за подобар скор избраните ракометари на Игор Илиевски. Норвешката екипа го контролираше резултатот од почетокот на мечот. Македонскиот тим во првите 10 минути беше резултатски рамноправен, во два наврати имаше и водство (5-4 и 6-5), но следеше серија од 4-0 за норвешкиот тим за водство од 9-6. Македонија уште еднаш успеа да стигне на минимална негатива (9-10). Потоа следеше период на грешки, водство на противникот од 12-9 и тука се прекрши натпреварот во полза на скандинавците.
Малку подоцна поведоа со 17-12, а на полувреме беше 18-14.
Во второто полувреме, освежување во македонскиот состав беше плејмејкерот Марин Крстевски, но пресврт на семафорот немаше. Норвешка имаше константно водство кое на моменти беше и седум гола разлика и до крајот не дозволи македонскиот тим да се доближи.
Конечниот резултат е 36-31, а утре во второто коло со почеток од 13:30, Македонија ќе игра против Хрватска.
Бобан Поповски со седум постигнати гола беше најефикасниот играч, Матевски постигна еден гол помалку, а по четири гола постигнаа Ѓокески и Гурмешевиќ.
Во норвешкиот состав осум гола постигна Николај Нордас Стеинсланд. Не видовме многу од помадиот брат на Сандер Сагосен. Циљан Сагосен имаше само еден неуспешен шут. Во тимот воопшто го немаше Александар Локе, синот на славната норвешка ракометарка Хајди Локе.