Македонија денеска на мегдан со Хрватска

По вчерашниот пораз од Норвешка на стартот на М20 ЕХФ Еуро, македонската јуниорска репрезентација денеска ќе игра меч што може да биде решавачки за пласманот во следната фаза на првенството што се одржува во Романија.
Македонија во 13:30 ќе игра меч со Хрватска, а победникот од овој меч ќе може и натаму да се надева дека ќе биде меѓу 12 репрезентации што ќе играат во Главната рунда. Поразената екипа во пракса ќе биде елиминирана, затоа што со два пораза до второто место не може да се стигне. Нерешен резултат отвора повеќе комбинации и ќе ја пренесе целата одговорност во третото, а многу работи ќе зависат и од исходот на натпреварот меѓу Норвешка и Данска. 
Македонија игра во една од најтешките групи, тоа беше почетниот хендикеп за нашиот тим, но има уште два меча пред себе, а тоа се шанси да направат нешто повеќе на овој турнир.



РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА „А“
Португалија - Грција  39-21
Германија - Франција 31-30
ГРУПА „Б“
Швајцарија - Турција  50-32
Србија - Ф. Острови   32-31
ГРУПА „Ц“
Шпанија - Летонија  38-25
Исланд - Австрија  32-27
ГРУПА „Д“
Норвешка - Македонија  36-31
Данска - Хрватска  37-30
ГРУПА „Е“
Шведска - Израел 42-33
Романија - БиХ  34-36
ГРУПА „Ф“
Словенија - Полска  40-34
Унгарија - Чешка  34-29

Поврзани вести