ИХФ ќе ги укине санкциите кон Белорусија и Русија?

Photo: IHF

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги укина суспензиите за руските и белоруските спортисти и репрезентации и им препорача на спортските федерации да ги вратат нивните репрезентации и клубови во системот на натпреварување.
Светската ракометна федерација (ИХФ) досега принципиелно ги следеше инструкциите и препораките од ИОК. Тие неодамна симнаа дел од санкциите и препорачаа враќање на суспендираните (јуниорски) тимови во системите на натпреварување.
Ако остане досладен, за очекување е наскоро ИХФ комплетно да ги укине сакнциите кон споментатите земји.
Но, настап на Светско првенство во ракомет се обезбедува преку европски квалификации и за да можат да играат на СП ќе треба санкциите да ги симне и Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Или да им додели вајлд карта.
Извршниот одбор на ЕХФ неодамна имаше состанок на кое беше оставено статус кво прашањето за овие репрезентации и клубови. Што ќе се случи сега по новата препорака од ИОК, ќе видиме. ЕХФ ќе биде ставен во непријатна позиција, затоа што евентуално одбивање ќе значи и непочитување на препораките на ИОК.

Поврзани вести