-
09.7.2026
-
Македонски ракомет
ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА 34-28 (19-14)
Македонија: Николовски (7 одб), Младенов (5 одб), Ѓокески 1, Гарбески, Лазов 1, Поповски 6, Јаневски 2, Петрески, Гурмешевиќ 1, Матески 4, Тевдовски 2, Славков, Крстевски 4, Каевски 6, Ѓоргиевски 1, Ѓорчески
Македонската јуниорска репрезентација денеска го претрпе вториот пораз на М20 ЕХФ Еуро. Подобри од избраниците на Илиевски беа ракометарите на Хрватска. Ова беше дуел на два тима што беа поразени и во првото коло, Хрватска загуби од Данска (30-37), а Македонија од Норвешка (31-36).
Со овој пораз Македонија ги загуби шансите да игра во Главната рунда на првенството и ќе игра за пласман од 13 до 24 место. Денешниот пораз може и дополнително да ја зголеми крајната сума што ќе треба да се плати. Има, сепак, уште една шанса, против фаворитот Данска да се поправа впечатокот кој засега е лош.
Речиси како реприза на првото коло, Македонија играше добро и резултатски беше рамноправна десетина минути или некаде до резултат 6-6. Потоа серија на противникот за водство од 9-6, па уште еден последен јуриш на македонските играчи за резултатски приклучок (10-11) и откако тој бран помина, следеше соочување со реалност и водство на противникот од 19-14 на полувреме.
Во вториот дел, Хрватите го контролираа резултатот, во 48 минута стигнаа до плус десет (32-22), а Македонија до крајот само го ублажи поразот, без реална шанса да фати ритам за пресврт.
Марко Каевски со седум и Бобан Поповски со шест гола за Македонија се најефикасните, а беа следени од Марин Крстевски и Јулијан Матески кои погодија по четири пати.
Во хрватскиот тим се изнаигра левото крило Петар Шпрем, син на прославениот ас Горан Шпрем. Тој постигна осум гола од девет обида.
Утре е слободен ден, а во последното коло од групната фаза, Македонија ќе игра против Данска.
Поврзани вести