ЕП М20: Македонија ќе разигрува за пласман

Репрезентациите на Германија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Унгарија и Данска со максимални две победи го чекаат утрешното трето, последно коло од Прелиминарната фаза на М20 ЕХФ Еуро. Тие се веќе пласирани во Главната рунда, за разлика од репрезентациите на Грција, Турција, Летонија, Чешка, Романија и за жал Македонија кои со два пораза и нула бодови на салдото се веќе елиминирани и ќе играат за пласман од 13-24 место.
Поразот на Словенија од Унгарија е најзабележителниот резултат од второто коло. Новиот тандем словенечки ѕвезди: Аљуш Анжиќ и Франц Фолкер Хејс постигнаа вкупно 18 од 26 гола за Словенија, а на спротивната страна, Марко Еклемовиќ, син на познатиот српски ракометар Никола Еклемовиќ беше стрелец на седум гола, но ја одведе Унгарија во победа од 28-26.

Македонија на ова ЕП не настапи со најсилниот состав, актуелните ракометари ќе собираат искуство во Романија и потоа без разлика на какви ќе бидат резултатите, овие играчи ќе мораат следната сезона да се вложат дополнително, да отидат чекор напред, затоа што следното лето тие ќе бидат домаќините на СП У21 и тоа првенство ќе биде нивниот врвен дострел на досегашната кариера.


РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА „А“
1. Коло:
Португалија - Грција 39-21
Германија - Франција 31-30
2. Коло:
Франција – Грција 31-27
Германија – Португалија 24-21

ГРУПА „Б“
1. Коло:
Швајцарија - Турција 50-32
Србија - Ф. Острови 32-31
2. Коло:
Швајцарија – Србија 35-25
Ф. Острови – Турција 40-28

ГРУПА „Ц“
1. Коло:
Шпанија - Летонија 38-25
Исланд - Австрија 32-27
2. Коло:
Австрија – Летонија 38-28
Исланд – Шпанија 28-33

ГРУПА „Д“
1. Коло:
Норвешка - Македонија 36-31
Данска - Хрватска 37-30
2. Коло:
Македонија – Хрватска 29-34
Данска – Норвешка 33-30

ГРУПА „Е“
1. Коло:
Шведска - Израел 42-33
Романија - БиХ 34-36
2. Коло:
Шведска – Романија 44-26
Израел – БиХ 43-33

ГРУПА „Ф“
1. Коло:
Словенија - Полска 40-34
Унгарија - Чешка 34-29
2. Коло:
Унгарија – Словенија 28-26
Полска – Чешка 30-22

Поврзани вести