Македонија останува без директно место во ЛШ!

Македонија останува без директно место во Лигата на шампионите и следната сезона, 2027/2028. Вкупниот клупски рејтинг е подобрен за едно место, ја минавме Словенија, но тоа не беше доволно за да се добие директно место во Лигата на шампионите. Македонија е сега само едно место под линијата што носи место во ЛШ со 30.67 бодови. Зад нас остана Словенија (26.00), а пред нас се Норвешка на позицијата број 10 со 34.67 бодови и Хрватска со 46.67 бодови.

Во Европската лига, Македонија има подобрен рејтинг за четири места. Македонија има две места исто како во сезоната 2025/26, едно повеќе од сезонава. Во ова натпреварување првите две држави со највисок рејтинг имаат по четири места, следните три имаат по три места.

Македонија има најмногу бодови во ЕХФ Европскиот Куп, но тој се пресметува со други формули. Бројот на местата што земјата ги има во ЛШ и Европската лига директно влијаат на ранкингот, па така Македонија иако има најмногу бодови е на 21 место. Федерациите што се рангирани од 1-20 место имаат право да бараат надградба за своите екипи и да добијат една од двете вајлд карти за Европската лига.
Македонија нема такво право, тоа го видовме и летово кога на ГРК Охрид не му беше доделено место во Европската лига.
Остануваме со два клуба во ЕХФ Европскиот Куп со можност и трета екипа да добие вајлд карта како што беше случајов минативе две сезони.

Подвлечено, за вистински прогрес, потребни ни се бодови во Лигата на шампионите и подобро остварување од Норвешка (Колстад), а таа задача следнава сезона ќе биде доделена на РК Вардар 1961.