Од Е. Пелистер „скокна“ во Хамбург!

Тинејџерот од БиХ, Алем Хаџиќ кој три сезони ги мина во екипата на Еурофарм Пелистер следната сезона ќе игра во Германија, во редовите на некогашниот европски шампион Хамбург.
„Внимателно ќе го градиме овој играч. Ќе почне во втората екипа каде што ќе има ваќна улога , но целосно ќе го интегрираме и во првиот тим. Знаеме дека му е потребно време, но гледаме голем потенцијал во него и ќе го развиваме“, подвлекоа од Хамбург на претставувањето на довчерашниот член на македонскиот клуб.

Поврзани вести