Ждрепка за Светското првенство за клубови

Photo: IHF

Денеска беше одржана ждрепката за Светското првенство за клубови што ќе се одржи во Каиро во септември годинава. Трет пат по ред ќе се игра во Египет, ќе почне на 24 септември, а ќе заврши на 1 октомври.
Клупското СП ќе се игра по изменет систем. Стартува со квалификации во кои екипата на Замалек од Египет ќе игра против тимот на Лос Анџелес, а победникот ќе продолжи во групата „1“ во која се наоѓаат екипите на Барса (Европа), Монтада (Африка) и Пињеирос (Ј. Америка).

Во другиот квалификациски натпревар ќе се сретнат Сиднеј Универзитет и Веспрем. Победникот од овој дуел ќе игра во групата „2“ со екипите на Берлин (Европа), Ал Ахли (Африка), Бурган (Азија).
Поразените екипи во квалификациите ќе играат меѓусебе за пласман.