-
24.10.2026
-
Македонски ракомет
СЦ Келаг Ферлах – РК Алкалоид 18-32 (6-12)
Спортска сала „Ферлах“ во Австрија. Судии: Борис Чипов и Зоран Клуз од Словачка. Делегат: Сигурд Томасен од Белгија
СЦ Келаг Ферлах: Фукс, Вузела 1, Кнап 1, Перкушиќ 7, Станиќ 1, Гисин 1, Л. Ебнер, Келих М. 2, Јесахер, Ебнер, Буџа 2, Лебан, Миличевиќ 3, Келих, Ношан, Конечни.
Седмерци: 0/0 Исклучувања: 6 мин.
РК Алкалоид: Кизиќ, Тордарсон 2, Сухолежник 5, Костески 7, Карасманакис, Марко Митев 1, Ѓорѓиев 2, Галевски, Велковски, Николов, Цехте 4, Петковски 2, Дамјан Митев 1, Борзаш 4, Аларов 3, Ѓорѓовски 1
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 8 мин.
Тек на натпреварот: 6-3, 6-6, 6-9, 6-12, 7-14, 9-16, 11-18, 12-20, 14-22, 15-24, 16-26, 17-28, 18-32.
Алкалоид го декласира Ферлах и со две победи продолжува во Европа!
РК Алкалоид со убедлива победа од 32-18 на гостувањето кај австрискиот СЦ Келаг Ферлах го потврди пласманот во следната рунда на ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот тим го доби и реваншот, па со вкупни 63-40 од двата натпревара продолжува во европското натпреварување.
По победата од 31-22 на првиот натпревар во Скопје, избраниците на Кирил Лазаров и на реваншот ја потврдија разликата во квалитет. Алкалоид постепено ја презеде контролата и во 12. минута поведе со 6-3, а до крајот на првото полувреме ја зголеми предноста на шест гола (12-6).
Во вториот дел македонскиот тим продолжи во ист ритам. Предноста растеше, во 50. минута Алкалоид водеше со 25-15, а во завршницата разликата достигна и 14 гола за конечни 32-18.
Никола Костески беше најефикасен во победничкиот состав со седум гола. Матиц Сухолежник постигна пет, Нејц Цехте и Урош Борзаш по четири, а Михаил Аларов и Емилијан Ѓорговски по три погодоци.
Кај домаќините, Тони Перкушиќ беше најдобар стрелец со седум гола.
Поврзани вести