Еурофарм Пелистер, денеска официјално стартуваше со новиот тим, проект предводен од Лино Червар. Многу нови и поприлично непознати ракометари одбра за почетокот на својата работа во Битола хрватскиот стратег. Заминаа неколку познати имиња, а со денешната објава Еурофарм Пелистер потврди дека од екипата замина и Дејан Манасков.
Ракометна Битола е на нов почеток, но тоа е - тоа што беше побарано од клубот на крајот на минатата сезона, а управата одговори со ангажман на Лино Червар во кого ја вложи целата доверба.
Битолчани стартуваа денеска, со состанок, закажаа и заедничка вечера, а утре почнуваат подготовките. Дел од нив ќе се реализираат во Битола, дел во Словенија.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона.
Еурофарм Пелистер во сезоната 2026/27:
Дојдоа: Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе
Заминаа: Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков