Лино против Вујо: Червар дебитираше со победа

Лино Червар со убедлива победа од 36-24 над репрезентацијата на Катар дебитираше на натпревар на клупата на Еурофарм Пелистер. Меч со многу симболика од минатите времиња, затоа што на клупата на Катар е Веселин Вујовиќ. Дуелите на Червар и Вујовиќ како тренери во Македонија одбележаа една ера на македонскиот клупски ракомет, а дерби натпреварите меѓу Металург и Вардар беа препознатливи и во целиот европски ракомет.
Сега се нови времиња, но имињата на славните тренери не се избледени. Претстојната сезона ќе биде особено предизвикувачка за хрватскиот тренер со македонски пасош кој ја презема диригентската палка во ракометна Битола.

Флоскулата вели „чекор по чекор“, а првиот за битолчани е охрабрувачки и ветувачки.