Трета победа на Е. Пелистер по ред

Екипата на Еурофарм Пелистер ја запиша третата победа во третиот одигран меч откако на клупата е Лино Червар. Битолчани се на подготовки во Словенија, каде што прво славеа над репрезентацијата на Катар, потоа минимално ја совладаа екипата на Крка, а на третиот меч, исто така минимално (22-21) славеа победа и над екипата на Словењ Градец. 
Првиот официјален меч на битолчани е пред своја публика, по десет дена (23 август) кога ќе го пречекаат тимот на Партизан.