Марин Крстевски се пресели во Е. Пелистер 2

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 продолжи со составувањето на екипата за следната сезона со ангажман на уште еден ракометар кој доаѓа од погоните на Алкалоид и Мулти Есенс. Марин Крстевски, централниот бек кој беше еден од лидерите на тимот на Мулти Есенс и во младинска и сениорска конкуренција е ракометарот кој од Скопје се сели во Битола.
Марин Крстевски беше кадетски и јуниорски репрезентативец на Македонија и настапи на М20 Ехф Еуро што летово се играше во Романија. Се работи за играч од кого многу се очекува и во кој има потенцијал во иднина да стигне и до сениорската репрезентација. Летово се реши среќата да ја бара во Битола од каде што ќе се кали во вториот тим кој има повисоки амбиции од ланската сезона, а ќе биде и предводен од амбициозниот тренер Бранко Ангеловски.