Лазаров подели 35 дресови за СП 2027

Селекторот на машката македонска репрезентација, Кирил Лазаров, избра задолжителни 35 ракометари кои мораа да бидат пријавени во ИХФ два месеца пред почетокот на СП, односно најдоцна до 13 ноември. Процедурата е испочитувана, па Македонија има пријавен состав од кој ќе бидат избрани ракометарите што ќе настапат на Светското првенство.

Сличен список Лазаров објави и неодамна, но тој беше за потребите на ЕХФ и квалификациите за ЕП 2028. Меѓу двата списка има само една измена.

Филип Талески повеќе не е меѓу 35-те ракометари кои конкурираат за настап на СП 2027 во Германија. Тој во меѓувреме се раздели со ГРК Охрид и во моментов е без клуб, па неговото изоставување од списокот е очекувано.

На неговото место се враќа Михајло Младеновиќ. Поранешниот ракометар на Металург, Охрид и Алкалоид ја игра втората сезона во францускиот Кретеј.

Во составот го нема ниту Ненад Костески, кој е повреден и очигледно нема да биде навреме подготвен за настап на Мундијалот. Ненад Белистојаноски е четвртиот избор на позицијата десно крило, покрај Никола Петковски, Александар Петковски и Ален Ќосевски, кои имаат подолг репрезентативен стаж.

Македонија на СП ќе игра во градот Магдебург каде што во првата фаза  ќе се сретне со репрезентациите на Јапонија, Бахреин и Исланд. Три репрезентации продолжуваат во Главната рунда, последната оди во Президент Куп.