ГРК Охрид и Вардар вечерва играат за пехар

Вардар 1961 и ГРК Охрид ќе се сретнат во финалето на петтиот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што минативе четири дена се играаше во салата „Билјанини извори“.

Вардар вчера беше подобар од тимот на Тримо Требње, а екипата на ГРК Охрид во меч со драматичен финиш ремизираше со РК Загреб (30-30), но поради подобра гол разлика го освои првото место во групата и правото да го брани пехарот освоен лани.

Охрид и Вардар и минатата недела играа во финалето на турнирот во Струга, а за десет дена ќе играат пак во Гевгелија, во Супер Куп на Македонија за првиот сезонски пехар со официјален натпреварувачки карактер.

Засега Охрид води 1-0 во дуелите со Вардар, денеска црвено црните имаат шанса за реванп. Очекуваме интересен и резултатски израмнет меч, во која мала предност ќе има ГРК Охрид, пред сѐ поради домашниот терен и некомплетниот гостински тим.

ДЕНЕСКА ВО ОХРИД:

10:30 Египет У20 – Олимпијакос
12:30 Нексе – Војводина
18:00 Загреб – Тримо Требње
20:00 ГРК Охрид – Вардар 1961