АЛКАЛОИД – ЛОВЌЕН 54-37 (27-17)
Стрелци за Алкалоид: Борзаш 8, Цехте 7, Ѓорговски 7, Петковски 7, Стојковиќ 6, Никола Костески 5, Николов 4, М. Митев 4, Тордарсон 3, Џонов 2, Ѓоргиев 1
Стрелци за Ловќен: Мрваљевиќ 7, Вујовиќ 6, Петричевиќ 5, Станковиќ 4, Анѓелиќ 4, Андриќ 3, Перишиќ 3, Лаличиќ 2, Кнежевиќ 1, Цимљановиќ 1, Мартиновиќ 1
Екипата на Алкалоид ја запиша првата победа во Регионалната лига. Алкалоид го совлада тимот на Ловќен со 54-37 на натпревар што се одира во Автокоманда. Вкупно 55 постигнати голови се добри за поправање на впечаотокот и зголемување на самодовербата.
Ракометарите на Алкалоид ја отстранија секоја резултатска неизвесност по само десетина минути игра. На почетокот одлично функцинираше дуото Цехте и Стојковиќ, има се придужија Никола Костески и Борзаш и по десет минути игра беше 10-4.
Алкалоид поведе со девет гола разлика во 25 минута (15-6), а прв пат на натпреварот разликата стана двоцифрена во 23 минута од натпреварот (21-11). На полувреме, резултатот беше 27-17.
Во вториот дел, двата тима имаа одлична можност да ги тестираат своите способности во транзицијата. Ловќен, иако беше во двоцифрена негатива, покажа дух, не се повлече и не го смени ритамот туку се наттрчуваше и имаше свои убави моменти.
Во голеадата во Автокоманда најмногу се истакна Урош Борзаш со осум постигнати голови, по седум постигнаа Цехте, Петковски и Емилјан Ѓорговски.
По три дена, Алкалоид и Ловќен одново треба да ги одмерат силите, овој пат во Црна Гора.