Денеска: Алкалоид во Цетиње, Е. Пелистер во Лесковац

Две македонски екипи што настапуваат во Регионалната лига денеска ќе ги играат своите натпревари. Екипата на Алкалоид втор пат за три дена ќе се сретне со тимот на Ловќен. Првиот меч заврши со победа од 54-37 за македонскиот тим. Денеска ќе се игра натпреварот во Цетиње.
Екипата на Е. Пелистер која има максимално остварување од две победи досега е на своето прво гостување. Битолчани во Лесковац ќе се сретнат со тимот на Дубочица 54.

Двата натпревари ќе можат да се следат на Јутјуб каналот на Регионалната лига. Натпреварот Дубочица – Еурофарм Пелистер почнува во 18:00 часот, а натпреварот Ловќен – Алкалоид во 19:00 часот.