Фото: РК Вардар 1961
Ако екипата на Вардар 1961 вечерва успее да го совлада тимот на ГРК Охрид во Суперкуп натпреварот што ќе се игра на неутрален терен, во Гевгелија, победничкиот пехар прв ќе го подигне голманот Васил Гогов.
Црвено-црните се одлучија за промена на капитенската должност и сезонава капитени на екипата ќе бидат Васил Гогов и Јака Малус.
РК Вардар во новата сезона ќе има нов капитен - голманот Васил Гогов.
Играч кој долго време е верен на клубот, кој растеше со Вардар, се бореше за овој дрес и секогаш беше дел од црвено-црната приказна, сега добива нова и одговорна улога - да биде лидер на тимот на теренот и надвор од него.
Капитенската лента е чест, но и обврска. Таа носи одговорност, карактер и пример за сите во соблекувалната. Веруваме дека Васил со својата посветеност, работа и љубов кон клубот ќе ја носи достоинствено.
Негов заменик-капитен во новата сезона ќе биде Јака Малус, еден од најискусните играчи во тимот и важен дел од играта на РК Вардар.
Нова сезона. Нови предизвици.
Со среќа, капитени!