-
03.9.2026
-
Македонски ракомет
Фото: Денис Дуковски/Меѓународен турнир „Крсте Андоновски“
Првото коло од новата сезона во Суперлигата ќе се игра викендов. Останува ланскиот систем во кој се натпреваруваат 12 екипи кои подоцна ќе бидат поделени на Плејоф и Плејаут каде што ќе ги пренесат сите резултати од одиграните натпревари.
Актуелен шампион е екипата на Вардар која сезонава ќе игра за својот 17 шампионски пехар и е далеку најуспешната екипа во првенството. Зад нив е екипата на Е. Пелистер со девет победнички пехари. Трите екипи подолу на списокот веќе не постојат или не се во Суперлига. Тоа се Металург кој има шест трофеи и екипите на Борец и Преспа кои по еднаш биле шампиони на Македонија.
Вардар е и првиот тим што ќе го видиме на теренот. Утре во Скопје, Вардар 1961 ќе се сретне со екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Македонската Суперлига важи за една од најсилните, можеби и најсилната на Балканот. Четири екипи се заслужни за ваквиот рејтинг на македонскиот клупски ракомет, а тоа се Вардар, Охрид, Е. Пелистер и Алкалоид.
Сите четири споменати екипи се посилни во однос на минатата сезона, што е рефлексија и на нивните амбиции во европските купови. Особено е интересна приказната што ќе ја гледаме во Битола, каде што повратник во македонскиот ракомет е Лино Червар.
Веќе во првото коло, ќе видиме еден судар од големата четворка, гостувањето на Еурофарм Пелистер во Охрид. Тоа е мечот што ќе го одбележи првото коло, а ќе се игра во недела во „Билјанини Извори“.
СУПЕРЛИГА 1.КОЛО
ПЕТОК, 4 СЕПТЕМВРИ
18:00 ВАРДАР 1961 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
САБОТА, 5 СЕПТЕМВРИ
12:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЛАДОСТ
18:30 ПРИЛЕП – КУМАНОВО
18:30 АЛКАЛОИД – МУЛТИ ЕСЕНС
НЕДЕЛА, 6 СЕПТЕМВРИ
18:30 СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ
19:00 ГРК ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР