Бутел и Младост ги поделија бодовите

БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ 30-30 (12-13)
Богдановски (9 одб), Субашевски 6, Јовиќ 5, Ѓоргиевски 5 – Илиќ (12 одб), Андоновски 8, Бојаниќ 6, Јанковски 5


Екипите на Бутел Скопје и Младост Богданци одиграа натпревар што целосно го заслужува епитетот дерби. И според важноста на мечот за двата тима и заради прикажаната мотивираност и борбеност.

Натпреварот заврши без победник, 30-30, а екипа што повеќе треба да жали за загубениот бод е тимот на Бутел Скопје. Столе Стоилов го освои првиот бод во својата самостојна тренерска кариера, а за тоа што не се два се виновни неговите ракометари кои иако водеа во речиси во целиот меч и имаа плус четири на шест минути до крајот (30-26) промашија сигурна победа.
Не успеаја да постигнат уште еден гол, а тој ќе им значеше сигурен триумф. Промашија 5-6 шута плус еден пенал во последните минути и му дозволија на поискусниот состав од Богданци со гол на петнаесетина секунди до крајот да стигне до бод што за нив го прави првото гостување исклучително успешно.






 

Поврзани вести