РК АЛКАЛОИД – РК МУЛТИ ЕСЕНС 38-28 (16-11)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Глигор Ќаев. Делегат: Владимир Саздовски
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Николовски 2 (9 одб), Тордарсон 1, Сухолежник, Стојковиќ 7, М. Митев 5, Ѓоргиев, Велковски 3, Цехте, Ненад Костески 1, Петковски 5, Д. Митев 9, Борзаш 4, Ѓорговски 1, Борозан 1
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 8 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Великиќески (1 одб), Јорданов (11 одб), Ј. Петрески, Џигероски 4, Илиевски 1, Ѓокески 3, Трајковски 1, М. Петрески 1, Гурмешевиќ 1, Матевски 2, Ковачевиќ 1, Ѓоргиески, Дамчевски 6, Трајкоски, Гарбески 1, Тевдовски 1
Седмерци: 6/9 Исклучувања: 4 мин.
Екипата на Алкалоид го совлада тимот на Мулти Есенс на премерниот меч од новата сезона Суперлигата во Автокоманда. Екипата предводена од Кирил Лазаров немаше резултатски проблеми со развојниот состав на Мулти Есен кој оваа сезона ќе биде воден од клупата од Никола Матлиески, заедно со Никола Маркоски и Златко Даскалоски.
Алкалоид по нецели 10 минути поведе со 5-2 и ја презема контролата на натпреварот. Во продолжението се играше брзо, двата тима играат сличен стил на ракомет. Ланскиот играч на Алкалоид, а сега на Мулти Есенс, крилото Давид Трајкоски беше најдобриот стрелец по 30 минути со шест постигнати гола.
Но, неговиот нов тим не можеше да му парира на поискусниот состав, па резултатот порасна на пет гола разлика до крајот на првиот дел (16-11).
Во второто полувреме се играше помирно, главно позициски напаѓаа и двата тима, а тренерите шанса им дадоа на сите играчи. Џигеровски и Дамчевски од тимот на Мулти Есенс, односно браќата Митеви и Петковски и Стојковиќ од тимот на Алкалоид беа најрасположени стрелци во овој дел. Резултатски, Алкалоид се одлепи на осум-девет гола разлика и без проблеми го одведе натпреварот до крајот.