Photo: HSC Suhr Aarau
Филип Талески имаше успешно деби за својот нов клуб, Сур Арау од Швајцарија. Македонскиот интернационалец дебитираше во натпреварот од 13. коло, во кое неговиот тим се сретна со последнопласираната екипа на табелата, ГС Стафа.
Сур Арау победи со 35-26, а Филип Талески беше најдобриот стрелец на тимот со седум постигнати голови. Мартин Поповски, пак, постигна три погодоци на натпреварот, на кој Сур ја забележа четвртата победа во сезоната, со која се доближи на еден бод до екипата на Амичитија.
На табелата Сур е претпоследен со осум бода. Пред него се Амичитија со девет и Базел со 10 освоени бодови досега.