Се повреди ѕвезда на Исланд, неизвесен е за СП

Photo: IHF/Kolektiff

Настапот на еден од најважните ракометари на Исланд, Омар Инги Магнусон, на СП во Германија е под сериозен знак прашалник. Десниот бек на Магдебург заработи повреда на натпреварот од Лигата на шампионите против ГОГ, а првичните информации од германскиот клуб не се охрабрувачки.
Магнусон го пропушти вчерашниот натпревар против Хамбург, а тренерот на Магдебург, Бенет Вигерт, потврди дека станува збор за повреда поради која исландскиот репрезентативец ќе отсуствува подолг период.

„Нема да даваме прогнози. Ќе почекаме да видиме дали ќе успееме да го вратиме во игра во календарската 2026 година“, изјави Вигерт.

Светското првенство во Германија почнува на 13 јануари 2027 година, а Исланд е еден од противниците на Македонија во првата фаза.