-
06.9.2026
-
Македонски ракомет
Првото суперлигашко коло на менито има и едена скапоценост а тоа е дерби натпревар меѓу екипите од големата четворка во македонскиот ракомет.
Денеска во Охрид ќе гостуваат Лино Червар и Еурофам Пелистер и тој меч ќе биде нивото прво одмерување на силите откако во летниот период и двата тима направија големи корекции во составите и на хартија се посилни отколку во минатата сезона.
Фото: ГРК Охрид
Системот на натпреварување според кој сите бодови освоени во регуларниот дел од сезоната се пренесуваат во Плејоф и Плејаут продолженијата, не дозволува опуштање ниту во првото коло каков што е случајов во Охрид и Е. Пелистер. Иако до крајот на сезоната и двата тима ќе одиграат уште 11 дерби натпревари на кои може сѐ да се случи, тоа не ја исклучува можноста мечот од првото коло во мај да одигра клучна улога во распределбата на местата, можеби и за шампионскиот пехар.
ГРК Охрид ја има предноста на домашниот терен, но Еурофарм Пелистер ја има можноста за прв брејк во сезоната и тоа не е нешто што треба да се занемари. Притисокот кај битолчани е помал, можноста за заработка е поголема.
ГРК Охрид имавме можност дури трипати во предсезоната да го гледаме како игра дерби меч. Сите три беа против Вардар 1961 и генерално има појасна слика за тоа што ќе го играат и како ќе изгледаат на терен, особено по Суперкуп натпреварот.
Од друга страна, Еурофарм Пелистер одигра само еден голем меч, против Партизан кој имаше, но и немаше големо значење. Лино Червар сокри многу работи на тој натпревар, но и ја покажа играта седум на шест и таа во големата слика веќе нема да биде изненадување, а охриѓани денеска ќе треба да бидат спремни.
Доколку нешто не се промени во последен момент, од овој натпревар нема да има директен ТВ пренос. Во таа проблематика ситуација е малку комплицирана за објаснување, но очекуваме наскоро Суперлигата да биде дел од ТВ преносите. Дотогаш, натпреварите ќе можат да се следат преку видео пренос (лајв стрим) на Јутјуб каналот на Ракометната федерација на Македонија.
Натпреварот ќе почне во 19:00 часот, а ќе го суди меѓународната судиска двојка од Битола, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
СУПЕРЛИГА 1.КОЛО
РЕЗУЛТАТИ:
ВАРДАР 1961 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 31-19
БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЛАДОСТ 30-30
ПРИЛЕП – КУМАНОВО 38-31
АЛКАЛОИД – МУЛТИ ЕСЕНС 38-28
НЕДЕЛА, 6 СЕПТЕМВРИ
18:30 СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ
19:00 ГРК ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР