Каков е наградниот фонд во Лигата на шампионите?

Стартува новата сезона во Лигата на шампионите, а со неа и доаѓаат и првите математики на клубовите што ќе настапат во најсилното европско натпреварување. Следнава сезона има мало зголемување на приходите на екипите, но генерално неспоредливи се сумите во елитниот ракомет со другите елитни спортови.
Актуелниот првак, под услов да победи на сите натпревари од почетокот до крајот на Лигата на шампионите, максимално може да заработи 850.000 евра.
Сите екипи ќе добиваат фиксна сума од 10.000 евра за секој натпревар.За секој бод во групната фаза ќе добиваат по уште 5000 евра, за секој бод во Главната фаза по 6250 евра, а во 1/4 финалето за победа ќе инкасираат по 15.000 евра плус, за нерешено 7.500 евра.
Главниот колач со вкупна вредност од 1.250.000 евра ќе го поделат екипите што ќе настапат на Ф4 турнирот во Келн.

ЕХФ Лига на шампиони:
Групна фаза (6 натпревари):
Учество на натпревар: 10.000 евра
Бонус по освоен бод: 5.000 евра
Максимален можен приход: 120.000 евра

Главна фаза (8 натпревари):
Учество на натпревар: 10.000 евра
Бонус по освоен бод: 6.250 евра
Максимален можен приход: 180.000 евра

Четвртфинале (2 натпревари):
Учество на натпревар: 10.000 евра
Бонус за победа на натпревар: 15.000 евра
Бонус за нерешен исход на натпревар: 7.500 евра
Максимален можен приход: 50.000 евра

Парични награди за EHF Final4:
Победник: 500.000 евра
Финалист: 375.000 евра
Трето место: 250.000 евра
Четврто место: 125.000 евра