Вести: Се засилија Партизан и Војводина, рекордерот на Барса останува во Берлин...

Фото: РК Партизан

Екипата на Партизан и покрај тоа што на голманската позиција ги има Бекир Чордалија и Андреј Трнавац, се одлучи да донесе уште еден ракометар што ќе стои меѓу стативите.
Од екипата на Гранољерс во Белград пристигнува 24 годишниот Лука Кривокапиќ. Тој имаше одлична сезона во Шпанија со близу 30% одбрани и во Белград веруваат дека ќе биде вистинско засилување.

Српскиот вицепрвак Војводина реши да потпише договор со египетскиот лев бек Карим Хамди, како популнување на позицијата по заминувањата на Милан Пушица и Миљан Вуковљак. Египетскиот бек пред да дојде на тестирање во Нови Сад, играше за Слобода Тузла од БиХ и Дубрава од Хрватска.

Утрешниот противник на Вардар 1961, екипата на Мелсунген се појавува во низа занимливости во Лигата на шампионите. Тие еден од трите дебитанти во ЛШ, го имаат за тренер Парондо кој е еден од петте тренери кој ја освоил ЛШ како играч и како тренер, го имаат најнискиот играч (Ерик Баленсијага, 169 см) го имаат највисокиот играч во ЛШ (Даинис Криштопанс, 215 см), го имаат и најстариот играч (Карстен Лихтлејн, 46 год), а тој е дури 31 година постар од Армандо Коељо кој ќе игра за Спортинг сезонава и е најмладиот играч во ЛШ.

Шпанскиот ракометар Аитор Арињо останува во редовите на германскиот Фуксе Берлин до крајот на договорот, откако беше активирана неговата клаузула за продолжување. Договорот на Арињо е до 2028 година. Аитор Арињо е најтрофејниот ракометар на Барса кој за 21 година во клубот вкупно освои 74 пехари и е втор на списокот во сите секции на Барселона. Единствен кој има повеќе пехари освоено со Барселона е голманот во хокеј на ролери, Аитор Егурола кој има 78 пехари.