-
12.9.2026
-
Планета ракомет
Фото: Lanthan2003 / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0
Од старо железо до една од најпознатите ракометни арени е патот на салата „Остсехале“, домот на еден од најуспешните германски клубови – Кил. Приказната почнува кога некогашниот авионски хангар од островот Зилт бил расклопен во 1948 година и купен од градот Кил, кој во Втората светска војна бил 80 отсто разурнат.
Градот решил хангарот да биде основата за спортска сала, потребна во повоениот период, па во 1950 година почнала изградбата.
Салата со капацитет од околу 9.000 гледачи била отворена во 1951 година, а целосно завршена во 1952 година. Првата голема реконструкција започнала во 1974 година, додека втората, со која салата доби модерен изглед, четврта трибина, ВИП-простории и нова инфраструктура, беше реализирана во 2000/2001 година.
Во 2008 година за првпат доби спонзорско име и оттогаш, па сè до оваа сезона, името „Остсехале“ беше во втор план. По периодот како „Шпаркасен Арена“ и „Вундерино Арена“, од 2026 година легендарното име повторно е официјално – МЕРКУР ОСТСЕХАЛЕ.
1951–2007: Остсехале – оригиналното име на салата, отворена во 1951 година.
2008–2020: Шпаркасен Арена – од 1 јануари 2008 година финансиската групација Шпаркасен ги презеде правата за именување.
2020–март 2026: Вундерино Арена – од 1 јули 2020 година нов спонзор стана Вундерино, па салата го промени името.
Од 1 април 2026: Меркур Остсехале – Групацијата Меркур ги презеде првава и го врати историското име, но со својот бренд пред него.