-
15.9.2026
-
Планета ракомет
Photo: Handball.org.gr
Татабања го шокираше Сегед, Хориха без гол
Големо изненадување се случи во шампионатот на Унгарија, каде што во натпревар од третото коло, екипата на Татабања го совлада фаворитот ПИК Сегед со 32-31.
Домашниот тим го контролираше натпреварот, водеше и на полувреме (17-14) и успеа да го издржи притисокот и да го комплетира мечот со сензационална победа.
Потенцијалниот репрезентативец на Македонија, Димитро Хориха, не постигна гол за Сегед на овој натпревар, а во неговата лична статистика е евидентирано само едно исклучување.
Повредите ги принудија Хамбург и Лемго повторно да бараат засилувања
Поради повредите на Мориц Саутер и Тим Сутон, бундеслигашките екипи Хамбург и Лемго го менуваат планот и одново ќе бараат играчи за трансфер.
Двајцата ракометари се здобија со една од најтешките „ракометни“ повреди – скинати вкрстени лигаменти, па за нив оваа сезона многу веројатно завршува уште во септември.
Ова е сериозен удар за двата тима, но од друга страна ќе биде интересно да се види во кои играчи ќе го гледаат излезот од сегашната ситуација.
Олимпијакос со рекорд го освои грчкиот Суперкуп
Екипата на Олимпијакос е победник на грчкиот Суперкуп 2026, што е нивен петти триумф во низа во ова натпреварување.
Трет пат противник во финалето им беше најголемиот ривал, АЕК. Тоа што ова финале го направи посебно е неочекувано високата победа од дури 11 гола разлика (35-24).
Тоа е воедно и највисоката победа во сите досегашни изданија на грчкиот Суперкуп.
МВП на финалето беше поранешниот голман на Еурофарм Пелистер, Карим Хендави.
Фати ракометар за врат, па доби отказ!
Поранешниот словенечки репрезентативец и тренер на МРК Љубљана, Грегор Цвијиќ, ги загуби за момент нервите на првенствениот натпревар со Копер и го фати за врат својот ракометар Лука Первошек.
Поголем инцидент спречија ракометарите од клупата, но ситуацијата не мина незабележано.
Цвијиќ уште истата вечер доби отказ од клубот, а предаден е и на дисциплинската комисија на Ракометниот сојуз на Словенија