Вардар – Нант на Арена Македонија, уште три натпревари во ТВ пренос

Лигата на шампионите во машка конкуренција продолжува утре и задутре со натпреварите од второто коло. Прв пат на домашен терен ќе игра македонскиот првак Вардар 1961, а гостин ќе му биде најатрактивното име меѓу противниците во групата, францускиот Нант.
Овој натпревар ќе се игра утре (среда) со почеток од 18:45 часот и директно ќе биде пренесуван на вториот канал на ТВ Арена Македонија и на ТВ Арена Спорт 2.
Истата вечер од 20:45 ќе се игра и дерби меч во Лигата на шампионите меѓу екипите на Фуксе Берлин и Веспрем, а тој натпревар ќе биде пренесуван на ТВ Арена Спорт 2.

Ден подоцна, во четврток на ТВ програмата се нови два натпревари од Лигата на шампионите. Со почеток од 18:45 часот ќе се сретнат екипите на Целје и Алборг, а во 20:45 часот екипите на Порто и Партизан.
ТВ преноси од двата меча се најавени на ТВ Арена Спорт 3 Премиум, а можно е натпреварот Порто – Партизан да биде достапен и на ТВ Арена Македонија.
ТВ програмската шема е тековна и може да се менува во текот на денот.