„Кастратовиќ, Лекиќ, Хорват, Лазовиќ и Цвијиќ на првиот женски ракометен форум во Охрид“

Охрид на 26 септември ќе биде домаќин на првиот женски ракометен форум, кој ќе се одржи во рамките на програмата на „Трофеј Македонија 2026“.

На форумот ќе учествуваат некои од најзначајните имиња на регионалниот женски ракомет – Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ, кои пред присутните ќе ги споделат своите искуства од богатите играчки кариери.
Покрај ракометните легенди од регионот, на форумот ќе учествуваат и македонските репрезентативки, млади ракометни надежи и нивните ментори.

Целта на настанот е преку размена на искуства и лични приказни да се отвори простор за разговор за развојот и иднината на женскиот ракомет, со посебен акцент на младите генерации.

Форумот е во организација на Ракометната федерација на Македонија и ќе се одржи на 26 септември, од 11:00 до 13:30 часот, во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.