Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа собирот на женската сениорска репрезентација, со што официјално започна првата фаза од подготовките за настапот на Европското првенство 2026.
На собирот присуствуваше генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски, а репрезентативките го одржаа и првиот официјален состанок со новиот селектор Игор Марковиќ.
По состанокот, репрезентацијата замина за Охрид, каде ќе ги продолжи подготовките и ќе настапи на турнирот „Трофеј Македонија 2026“.