Од олимпискиот подиум до селекторската клупа – Сузана Лазовиќ ќе биде дел од Првиот женски ракометен форум.

Како дел од златната генерација на Црна Гора, Лазовиќ во незаборавната 2012 година освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон и злато на Европското првенство, а со Будуќност истата година ја освои и Лигата на шампионите. Европскиот клупски трофеј го подигна уште еднаш, во 2015 година.

Играчката кариера мораше да ја заврши многу рано, на само 25 години, но остана во ракометот и изгради нов пат како тренер. Денес е селекторка на женската сениорска репрезентација на Црна Гора.

Од ракометарка која освојуваше најголеми трофеи до тренерка која денес создава нови генерации – приказната на Сузана Лазовиќ е приказна за нов почеток, лидерство и љубов кон ракометот.

Сигурни сме дека нејзиното искуство, знаење и приказна ќе бидат вистинска инспирација за сите учесници на форумот.