Охрид, Алкалоид и Бутел ги добија противниците во ЕХФ Куп

Денеска во Виена, во просториите на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за второто коло од ЕХФ Европскиот Куп.
Трите македонски екипи што ќе настапуваат во ова натпреварување, а тоа се ГРК Охрид, РК Алкалоид и РК Бутел Скопје ги добија своите противници за натпреварите што ќе се играат на 17/18 октомври и на 24/25 октомври.

Ланскиот освојувач на ЕХФ Куп, Екипата на Алкалоид за противник ја доби екипата на Келаг Ферлах од Австрија. Првиот меч ќе се игра во Скопје. 

Актуелниот првак на ЕХФ Куп, ГРК Охрид во второто коло ќе се сретне со екипата на Спор Тото од Турција. Првиот натпревар ќе се игра во Охрид.

Екипата на РК Бутел Скопје која беше единствената од македонските екипи рангирана меѓу неносителите ќе игра против екипата на Горица од Словенија. Домаќин на на првиот натпревар е екипата на Горица.