Охрид со 250 навивачи во Битола, се подготвува големо дерби!

Фото: ГРК Охрид

Последното големо суперлигашко дерби во 2026 година ќе се одигра викендов во Битола, каде што гостин ќе биде екипата на ГРК Охрид.

Ова ќе биде вториот меѓусебен дуел на овие два тима сезонава. Првиот, одигран во Охрид, заврши без победник, што ги става гостите во позиција да бараат „брејк“ во Битола. Амбициозно се подготвуваат охриѓани, а клубот обезбеди и 250 влезници за своите навивачи.

Охрид ќе има поддршка од своите навивачи во битолската сала, која одново, без сомнение, ќе биде исполнета до последното место. Но, овој пат нема да навиваат само домашните фанови.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид ќе се игра во сабота со почеток во 18:00 часот.