Битка за Словенецот: Келце и Магдебург против Сегед!

Photo: IHF/Kolektiff

Словенечкиот суперталент Аљуш Анжиќ од екипата на Целје Пивоварна Лашко веќе подолго време е цел на повеќе европски екипи, кои веќе бараат или пронашле спонзори за да го договорат неговиот ангажман.

Приказната почна со Динамо Букурешт, но тешко дека Романците ќе го добијат потписот на 18-годишниот централен бек, бидејќи во игра влегоа и многу попознати и поатрактивни клубови.

Пик Сегед беше првиот што се приклучи во трката, но и Унгарците добија многу сериозна конкуренција.

Последните информации велат дека сериозни во намерата да го добијат Анжиќ се шампионите на Германија и Полска – Магдебург и Келце. Особено полскиот тим станува сериозна опција поради добрите словенечки врски, но и поради податокот што го објавија полските медиуми – дека се обезбедени доволно средства за трансферот да биде реализиран.