Вардар на тест: Бриксен брани три гола

Екипата на ЖРК Вардар со три гола минус го очекува реванш-натпреварот од ЕХФ Европскиот куп со екипата на Бриксен од Италија.

На првиот натпревар, италијанскиот состав славеше победа од 32-29. Конечниот резултат може да се оцени како фер епилог, затоа што Вардар беше подобар и водеше во текот на првото полувреме, но потоа Бриксен имаше предност и од пет гола во вториот дел.
Леона Миленкоска е за издвојување од овој натпревар. Таа постигна 10 гола и беше најдобар стрелец на мечот, пред Сара Хилбер, која постигна девет гола за домаќинот.

Реваншот ќе се игра денеска, со почеток од 18:00 часот. Домаќин е Вардар, но и овој натпревар ќе се игра во Италија, во Handballhalle Brixen, сала за Италијанците велат дека е нивната најдобра сала за ракомет.