Шок за Монпеље, ќе му треба чудо за Главна рунда

Foto: RK Vardar/Denis Dukovski

Четвртото коло во Лигата на шампионите донесе неколку интересни резултати, по кои седум екипи го верификуваа пласманот во Главната рунда на ЛШ, а осум екипи се математички елиминирани и ќе продолжат во нокаут-фазата на ЕХФ Европската лига.


Пласирани во Главната рунда: Веспрем, Берлин, ПСЖ, Алборг, Спортинг, Барса, Магдебург.
Елиминирани од ЛШ: Порто, Партизан, Вардар 1961, Загреб, Целје, Кристијанштад, Динамо Букурешт, Колстад.


Монпеље е во фокусот. Францускиот тим е пред елиминација откако ги загуби двата натпревари со данскиот тим Архус Скандерборг. Домашниот пораз на Монпеље во четвртото коло (30-38) е изненадувањето на колото. Монпеље сѐ уште математички не е отпишан, но за пласман во Главната рунда му е потребно да ја победи Барса на гости во следното коло, а потоа и Динамо Букурешт на домашен терен. Но, два пораза треба да запише и Архус – на гостувањето кај Динамо и на домашен терен против Барса.

Без право на грешка остана и ПИК Сегед, каде што настапува новиот македонски репрезентативец Димитро Хориха. Унгарскиот тим е во трка со ГОГ, кој има три бода повеќе од него. Ако ГОГ го победи веќе пласираниот Спортинг на домашен терен во следното коло, тогаш Сегед ќе се пресели во ЕХФ Европската лига.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Група „А“: 1. Веспрем (8), 2. Фуксе Берлин (6), 3. Порто (2), 4. Партизан (0)
Група „Б“: 1. Висла Плоцк (6), 2. Нант (6), 3. Мелсунген (4), 4. Вардар (0)
Група „Ц“: 1. ПСЖ (7), 2. Алборг (7), 3. Загреб (2), 4. Целје (0)
Група „Д“: 1. Спортинг (7), 2. ГОГ (6), 3. ПИК Сегед (3), 4. Кристијанштад (0)
Група „Е“: 1. Барса (8), 2. Архус (5), 3. Монпелје (2), 4. Динамо Букурешт (1)
Група „Ф“: 1. Магдебург (8), 2. Келце (4), 3. Криенс-Луцерн (4), 4. Колстад (0)

Поврзани вести