ЕХФ суспензија: Заврши ЛШ за Јовица Николиќ

ЕХФ го суспендираше ракометарот на Загреб, Јовица Николиќ и тој нема да има право да настапи на следните два натпревари од Лигата на шампионите.
Имајќи предви дека Загреб е математички елиминиран и нема да ја продолжи сезоната во ЛШ, туку во Европската Лига, за Јовица Николиќ сезоната во Лигата на шампионите е завршена.
Тој е казнет поради опасна игра на натпреварот со Алборг и откако ЕХФ ја прегледа снимката ја донесе одлуката за суспензија од два натпревари.