Вардар со само 14 играчи во Нант

НАНТ – ВАРДАР 1961
ХБЦ Нант: Тибо Брие, Матеја Додиќ, Виктор Норлик, Игор Турченко, Рене Антонсен, Јан Тарафета, Рок Овничек, Николас Турна, Лука Периќ, Имањол Гарсијандиа, Матеј Габер, Кристофер Бонде, Ноа Леополд, Ајуб Абди, Јони Пејрабу, Жилиен Салмон.
Тренер: Грегори Кожан.

Вардар 1961: Марио Стојановски, Вукашин Воркапиќ, Гоце Георгиевски, Урош Митровиќ, Леон Љевар, Милан Лазаревски, Мишел Тузолана, Милош Валак, Кристијан Анастасовски, Жоао Педро да Силва, Јака Малус, Виктор Јанковски, Матео Фадуил, Васил Гогов.
Тренер: Иван Чупиќ.

Тренерите на Нант и на Вардар 1961, ги објавија составите за вечерашниот натпревар од петтото коло од Лигата на шампионите.

Иван Чупиќ ќе го има на располагање Урош Митровиќ, но нема да биде комплетен на десната бековска позиција, затоа што го нема повредениот Мохаб Абделхак.
Настрана тоа, Вардар со само 14 играчи ќе настапи на вечерашниот натпревар. Во составот ги нема ниту Мамаду Кеита, Милан Бомаштар, Бобан Поповски, Николче Нечовски и Марко Ѓорчески.
Во составот на домашниот тим, најзвучното отсуство е голманот Иван Пешиќ. Шпанското крило Каулди Одриозола кој се повреди на мечот во Скопје, веќе ја заврши сезоната, а Роман Лагард е и натаму на отсуство по семејната трагедија.

Натпреварот ќе почне во 20:45 часот и директно ќе биде пренесуван на ТВ Арена М3 Премиум.