Охрид се пласираше во Топ 16 на ЕХФ Куп!

Фото: ГРК Охрид

ГРК ОХРИД – ДРАГУНАС КЛАИПЕДА  32-25 (15-11)

Екипата на ГРК Охрид успешно ја мина и втората европска пречка и се пласираше во Топ 16 на ЕХФ Европскиот Куп каде што е бранител на пехарот. Двата натпревари со литванската екипа Клаипеда Драгунас се одиграа во Охрид, на двата очекувано победи македонскиот тим.

Целата работа охриѓани ја завршија на првиот натпревар одигран вчера кога запишаа победа од 11 гола разлика (30-19), па така денешниот реванш натпревар беше повеќе со помало оптоварување за сино-белите со оглед на тоа дека резултатски двомечот беше решен.

Екипата на ГРК Охрид во ждрепката за Топ 16 ќе биде првиот носител и ќе ги избегне осумте екипи со послаб ранкинг. Нема да може да се сретне ниту со Алкалоид кој има пред себе двомеч со Горење. Скопскиот тим е рангиран на местото број 3 и како и Охрид ќе биде во првиот шешир. Ждрепката, ќе се одржи во Виена во вторник, на 1 декември.